Зад нас е првата успешно реализирана година од големиот ракометен проект на машкиот и женскиот црвено-црн колектив вардаровата “Јуниор лига“. Во истатата се натпреваруваат дечињата во машка и женска конкуренија во повеќе возрасни категории од вардаровите регионални ракометни школи. Школите учествуваат со свои екипи во оние генерации каде имаат доволно играчи за составување тим, а во одредени генерации каде има помал фонд на играчи се формираат тимови т.н “Академија“ во кои се спојуваат играчи од иста возраст од неколку школи со цел напредок и создавање идни членови за вардаровите екипи. РК Илинден Вардар е регионална школа која е дел од вардаровиот проект таа фунционира под водство на сопружниците Александра и Дарко Јанев. Разговараме баш со Дарко кој е поранешен играч на РК Вардар и се уште актуелен ракометар, тој е идол на младите ракометари , Јанев за првата сезона од Јуниор лигата вели:
Се разбира секогаш може и подобро, но за прва година е сосема одлично фунционираше Јуниор лигата. Морам да потенцирам дека ова е голем и долгорочен проек и очекувам истиот во иднина да ги даде резулатите кои ќе дојдат по напорната работа на младите и тренерите во истата. Забележителен е голем напредок кај мојте играчи кои се натпреваруваа во Јуниор лигата. Тие имаа голем број на натпревари каде што низ истите го надоградуваа својот талент, учеа нови ракометни вештини и добиа натпреварувачки ритам што е од исклучително значење за нивниот понатамошен развој како спортисти односно како ракометари.
Го запрашуваме Јанев што очекува од новата сезона и како е задоволен од фактот што во новата селекција за регрутирање на играчи во младите категории од школата Илинден Вардар успеја да и бидат регрутирани 4 нивни члена , што е само продолжување на нивниот успех тие лани “дадоа“ девет играчи за Вардар. Непобитен факт е дека причина за ваквиот нивни успех при регрутацијата е професионалниот пристап на тренерскиот двоец Александра Јанев и Дарко Јанев.
Само што заврши оваа сезона на Вардар Јуниор лигата можеби за следната е сеуште рано да се зборува сепак како и секогаш очекувам успех и поголема ангажираност на играчите кои ке играат во оваа лига. Очекувам да се дигне и нивото на моите играчи бидејќи тоа ќе биде веќе втора натпреварувачка сезона, а резулатите и напредокот по завршувањето на истата ќе бидат двојно позадоволителни во однос на сегашните. Горд сум што РК Илинден Вардар продуцира квалитет, несомнен доказ за нашата квалитетна работа во школата Илинден Вардар е фактот што децата (играчите) во голем бројот беа регрутирани во екипата на Вардар. Тој факт говори сам по себе и бројот од 13 иргачи кои досега беа земени за во младите категории на црвено-црните кажува се. Ние во нашата школа и понатака ќе продолжиме со исто темпо на квалитетна работа, оданост кон младите и се надеваме ќе создаваме и во иднина млади ракометни таленти како и во минатото- изјави Јанев за Вардар фанс.
МИХАЈЛО ТУШЕВСКИ