Кадетите на РК Вардар 1961 по три кола имаат максимални 9.бода како и тимот на РК Мулти Есенс, токму овие два кадетски колектива ќе се соочат во меѓусебен дуел овој викенд.
Во рамки на 4.коло, кадетите предводени до Зоран Петковски-Зенга ќе бидат домаќини во салата „Круме Кепески“ во Кисела Вода. Натпреварот е закажан за утре, сабота (03/12/2022) со почеток во 16-00 часот.