Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Висока победа против Куманово, Ален Ќосевски најефикасен на теренот
Висока победа против Куманово, Ален Ќосевски најефикасен на теренот

Висока победа против Куманово, Ален Ќосевски најефикасен на теренот

Екипата на РК Вардар стигна до својата 13.последователна победа во домашното првенство. Денес во малата сала на С.Ц. Јане Сандански, црвено-црните славеа висока победа со резултат 37:21 во дуелот со МРК Куманово.

Уште од самиот старт на натпреварот, беше јасно кој на крајот ќе ги освои бодовите, само прашање беше со колкава разлика, Вардар ќе го добие натпреварот. Екипата на Куманово прва го отвори резултатот за 0:1, но Вардар направи серија од 6:0 и веднаш се одлепи резултатски. Како одминуваше првиот дел стигнавме и до двоцифрена преност со резултат 15:5, додека на полувреме се замина со резултат 23:8.

Тренерот Владо Недановски, денес играше со резервната постава, од постандардните тука беа Филип Талески и Мартин Карапалевски. Во вториот дел само се зголемуваше разликата, на крајот Вардар победи со 16 гола разлика.

Најефикасен беше Ален Ќосевски со 12 голови, Давид Савревски постигна 7, додека Јан Чувара постигна 5 гола.