Тимур Дибиров ја продолжи својата верност кон Вардар и во новата сезона ќе биде дел од екипата која ќе ја предводи Стевче Алушовски. Дибиров заедно со Стоилов се играчите со најдолг стаж во црвено-црниот дрес.
На својот инстаграм профил, Дибиров сподели фотографија со која ги поздрави своите фанови.