Играчот на Вардар, Тимур Дибиров, пред почетокот на вчерашниот натпревар доби признание од клубот, за „јубилејот“ од постигнати 1.000 голови во Лигата на Шампионите.
На гостувањето во Пик Сегед, Дибиров ја надмина оваа бројка на погодоци, па клубот му врачи дрес на која стоеше бројката со 1.000 голови. Дибиров заедно со Стоилов се играчите со најдолг стаж во клубот и единствените од моменталниот состав кои имаат две Европски титули со Вардар.