За време на оваа ЕХФ пауза традиционално како и за минатите правиме пресек на постигнатите резултати на ЖРК Вардар во лигата, бројот на примени и постигнати голови, одбраните на голманите. Одигравме 8.меча до сега, имаме 8 победи. На врвот на табелата сме со 24.бода и 100% ефект, сите победи во Групата-Б. Што е поважно победивме два пати, дома/гости со главните ривали за врвот тимовите на Ѓорче Петров и Металур.
Во нападот сме одлични. во просек по одигран дуел постигнуваме над 30.гола, поточно 32,50.погодоци по меч, вкупно 260.пати ја затресовме мрежата на ривалите до сега. Имаме одлична одбрана, три одлични голмани, играчи кои пред нив играат поприлично жестоко. Па така до сега на 8.меча примивме само 185.погодоци, односно црвено-црните примаат на меч само 23,10 гола во просек во нивната мрежа.
Кога сме кај листата на стрелците, на врвот како и што не навикна неколку години наназад е Трпевска Ивона. Таа суверено владее во оваа категорија со врвот на листата, има 55.гола, играше на сите дуели даде се од себе, погодува близу седум пати по одигран натпревар. Капитенот, Диневска Бојана во однос на првите пресеци оваа сезона, од меч во меч играше на ниво и напредуваше на листата на стрелци. Таа сега е комотна на 2.позиција со 38.погодока.
Стојановска Михаела оваа сезона е стандардно третти стрелец, талентираниот бек многу работи за тимот, доби доверба за седмерци каде има најдобар процент на реализација во целата мак.лига од таа позиција. Костовиќ Ангела како што напоменавме во вчерашниот текст за европските постигувања ја има подигнато играта за неколку ниво, за илустрација по 3.кола имаше само три гола, но потоа постигна 20 гола и се вивна на 4.та позиција од 10.место каде што беше по три кола. Топ-5 сегментот го „затвора“ Миновска Сара, девојката која игра тотален ракомет во два прави, таа се наоѓа на 5-та позиција на табелата.
:
Зад неа со идентични скорови од по 19.гола се кадетката Коцева Бојана и пикерот Катерина Дамјаноска која има прилично ефикасна сезона зад себе. Кате вкупно на сениорските дуели има 34.гола оваа есен. Зад нив е нашиот среден бек, Галевска Марија која понесува голем товар во креацијата на играта, но има солиден број на постигнати погодоци во противничките мрежи.
ЛИСТА СТРЕЛЦИ, ЖРК ВАРДАР:
1. Ивона Трпевска 55 гола
2. Бојана Диневска 38 гола
3. Михаела Стојановска 29 гола
4. Ангела Костовиќ 23 гола
5. Сара Миновска 22 гола
6/7. Бојана Коцева 19 гола
6/7. Катерина Дамјановска 19 гола
8. Марија Галевска 15 гола
9/10. Ивана Џатевска 8 гола
9/10.Магдалена Тошевска 8 гола
11. Нина Попова 6 гола
12. Борјана Коцева 5 гола
13/14. Златица Васевска 3 гола
13/14. Бојана Радевска 3 гола
15/16/17. Јасмина Попова 2 гола
15/16/17. Сара Стојанова 2 гола
15/16/17. Андреа Миланова 2 гола
18. Наталија Максимовска 1 гол
Кај голманите иако имаше повреда и пропушти неколку кола, највисока бројка зад своето име има младинската репрезентативка на Македонија, одличната Трајкоска Јована. На овој песек „Јоци“ има впишано 44.одбрани и е лидер на листата, Трајкоска има највисока цифра досега зад своето име. Повторно е онаа старата влезе во ритамот препознатлив за неа и допрва очекуваме нови одбрани кои ќе носат радост како и досегашните нејзини интервенции.
Илиќ Андреа е на втората позиција, вардаровата голманка успеа во изминатите осум кола на кои настапи да собере зад своето име 39.одбрани. Беше дел од тимот кој нанижа максимални бодови оваа есен со свој придонес во победите. Најмалата, Ѓорѓиевска Вероника која влезе во комбинацијата по повредата на Трајкоска по 3.кола успеа да собере одлични 30.одбрани зад своето име засега, станува збор за надежен млад кадетски „чувар на мрежата“, од кој допрва се очекуваат уште блесоци.
ЛИСТА ГОЛМАНСКИ ОДБРАНИ:
1.Трајкоска Јована 44.одбрани
2.Илиќ Андреа 39.одбрани
3. Вероника Ѓорѓиевска 30.одбрани
*Листата на стрелци и одбрани во европските натпревари на девојките може да ги погледнете на нашиот сајт ОВДЕ!