ЕХФ ги објави имињата на играчите кои го одбележаа регуларниот дел од сезоната во Лигата на Шампионите, што се однесува до бројот на постигнати голови.
Петтото место го делат дури тројца играчи, кои имаат постигнато по 64 голови. Се работи за Себастиан Бартолд ( Алборг), Алекс Душебаев ( Киелце) и Владислав Остроушко ( Еурофарм).
На четвртото место се најде Тимур Дибиров кој има 69 постигнати голови, или само еден помалку од Никлас Екберг ( Кил) кој се наоѓа на второто место на листата на најдобри стрелци. Дибиров го делат само десет голови од надминување на неговиот рекорд, што се однесува до бројот на постигнати голови по сезона во најголемото ракометно натпреварување. Во три претходни сезони, вклучувајќи ја и претходната, Дибиров заврши со 78 погодоци во ЛШ. Сигурно дека доколку дојде до двомеч во 1/8 финалето против Пик Сегед, не се сомневаме дека руското крило ќе ја надмине бројката и дека ќе постави нов рекорд.
Барис Пуховски од екипата на Мотор Запорожје е на второто место со 74 голови, додека со само еден гол повеќе на врвот се наоѓа Уго Деска од Монпелје со 75 постигнати голови.