Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Анатолиј Петејчук потпиша професионален договор со ФК Вардар
Анатолиј Петејчук потпиша професионален договор со ФК Вардар

Анатолиј Петејчук потпиша професионален договор со ФК Вардар

Фудбалскиот клуб Вардар продолжува со потпишување на професионални договори со талентираните играчи од Академијата на клубот. Се работи за Анатолиј Петејчук кој сезонава игра за кадетите на Вардар и е генерација 2002, тој потпиша договор со црвено-црните за наредните 2.5 години.

Инаку се работи за играч кој во 2016 година доаѓа во Вардар преку „Јуниор лигата“. Стручните лица кои беа задолжени за овој проект на Вардар го препознаваат како талентирано момче кое настапуваше за Фудбалската школа Прилеп-ТОНИ. Анатолиј доаѓа во Вардар, настапува за младинските екипи на црвено-црните, а од неодамна го потпиша и својот прв професионален договор со клубот.

90680598_2567379960170062_5684497638410420224_o

Петејчук има забележано настапи и за младинските селекции на Македонија, додека со првиот тим на Вардар беше дел од зимските подготовки во Анталија. Толи игра на позицијата десен бек, а може да одговори и на офанзивните задачи. Претходно, Вардар потпиша професионален договор и со младиот репрезентативен голман, Кристијан Китановски.