Вардар утре се враќа на настапите во Лигата на Шампионите. Ова ќе биде само шестти дуел сезонава во најголемото натпреварување за поранешниот Европски Шампион.
Вардарци отпатуваа на тешко гостување во Португалија, каде ќе се обидат да ги освојат бодовите во дуелот со Порто, екипа која е квалитетна и посебно силна кога игра на домашен терен.
Каков дуел не очекува прочитајте од изјавата на Тимур Дибиров, кој вели дека Порто е како португалската репрезентација.
-Откако го гледав Светското првенство, може да се каже дека Порто е цела репрезентација на Португалија. Одиграа одличен шампионот во Египет, а исто игра и Порто. Многу се опасни на сите позиции, особено играат одлично на домашен терен. Очекувам тежок натпревар и доколку ние сакаме да напредуваме мораме да победиме и да почнеме од Порто. По два месеци без натпревар, полека влегуваме во ритам и очекувам на секој натпревар екипата да биде се подобра“