Стевче Алушовски со свое видување за дуелот во ЛШ против тимот на Порто. Португалците се прв предизвик во елитната лига во 2021 година. Мечот се игра во четврток од 20:45 часот. Првиот натпревар одигран во Скопје заврши со нерешен резултат 25:25.
Одработивме еден тренинг пред патувањето, утрово. Имавме тежок натпревар со Нексе, кој беше неизвесен до последната минута. Се потрудивме позитивните работи од тој меч да ги пренесеме и да тргнеме оттука со позитивна енергија и со позитивна мисла за натпреварот со Порто. Мислам дека добро ги анализираме, дека добро работиме на тренинзите и дека ќе бидеме добро подготвени за четврток. Ни претстои уште еден тренинг таму, на кој што ќе договориме уште некои детали, кои ќе треба да ги одиграме на натпреварот-вели Алушовски.
Вардар има одиграно пет натпревари во групната фаза, забележа по една победа и нерешен резултат, како и три порази.