Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар го нема во најновиот ранкинг на ЕХФ, Кил со најголеми шанси да ја освои ЛШ
Вардар го нема во најновиот ранкинг на ЕХФ, Кил со најголеми шанси да ја освои ЛШ

Вардар го нема во најновиот ранкинг на ЕХФ, Кил со најголеми шанси да ја освои ЛШ

Во пресрет на продолжување на натпреварите во ракометната Лига на Шампиони, стручните лица во ЕХФ направија нов ранкинг на екипите кои имаат најголеми шанси да се најдат на Ф4 турнирот во Келн и да ја освојат Европската титула.

Вардар не се наоѓа во овој избор, односно го нема во ТОП-10 тимови кои имаат имаат шанси да се пласираат во 1/4 финалето. Најголеми шанси за освојување на ЛШ се дава на Кил, кој е и актуелен освојувач, додека по него следат екипите на Барселона, Веспрем и Киелце.

Од 5-10 место се наоѓаат екипите на ПСЖ, Фленсбург, Алборг, Мотор Запорожје, Брест Мешков и Порто.

Вардар во четврток ќе го одигра натпреварот на гостински терен против екипата на Порто.