Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дибиров и Кристопанс се најдоа во најдобриот тим на новата сезона во ЛШ
Дибиров и Кристопанс се најдоа во најдобриот тим на новата сезона во ЛШ

Дибиров и Кристопанс се најдоа во најдобриот тим на новата сезона во ЛШ

Новата сезона во Лигата на Шампионите започна, а тренерите на екипите го избрааа најдобриот тим за оваа сезона. Гласаа тренерите на сите екипи кои оваа сезона ќе бидат дел од најголемото ракометно натпреварување, а двајца играчи од Вардар се најдоа во ОЛ-СТАР тимот. Се работи за Дибиров и Кристопанс.

Вака изгледа најдобриот тим во новата сезона на ЛШ:

Голман: Никлас Ландин (Кил)

Лево крило: Тимур Дибиров (Вардар)

Лев бек: Микел Хансен (ПСЖ)

Среден бек: Лука Циндриќ (Барселона)

Десен бек: Даинис Кристопанс (Вардар)

Десно крило: Блаж Јанц (Келце)

Пикер: Лудовик Фабрегас (Барселона)

Тренер: Талант Душебаев (Келце)