Утре стартува мисијата одбрана на Европската титула за екипата на Вардар. Не очекува старт на сезоната во Лигата на Шампионите, каде Вардар гостува кај екипата на Монпелје.
Идентично ја стартувавме и минатата сезона, токму со гостување кај Монпелје, кога успеавме да победиме, подоцна стигнавме и до вториот трофеј во ЛШ. Утрешниот натпревар е закажан да започне од 17:15 часот.
Навикнати сме да најавуваме преноси од ЛШ, преку каналите на Арена Спорт кои цела мината сезона го даваа Вардар, така ќе биде и оваа сезона. Мечот утре можете да го проследите на Арена Спорт 3, а пренос ќе врши и МРТВ.