Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Тимур Дибиров прогласен за најдобар играч на мечот Русија-Србија
Тимур Дибиров прогласен за најдобар играч на мечот Русија-Србија

Тимур Дибиров прогласен за најдобар играч на мечот Русија-Србија

Левото крило на Вардар, Тимур Дибиров, одигра одличен натпревар за селекцијата на Русија која ремизираше во дуелот со Србија, во рамките на првото коло на Светското првенство.

Дибиров беше непогрешлив и успеа да постигне дури 12 голови од 13 обиди кон голот на Србија, со што беше најефикасен на мечот. Некои од головите беа постигнати од тешка позиција и сигурно дека Дибиров беше најзаслужен што неговата репрезентација освои бод на овој дуел. На крајот заслужено беше прогласен за најдобар играч на натпреварот. После одигрување на првото коло, Тимур ја предводи и листата на стрелци на ЕП.

Денес, Русија ќе го одигра вториот натпревар на мундијалот, противник им е селекцијата на Кореја, натпревар кој започнува од 15:30 часот со директен пренос на Арена Спорт 1.