Натпреварот против Барселона беше јубилејен за Тимур Дибиров, кој успеа да ја надмине бројката од 400 голови во дресот на Вардар, на натпреварите од Лигата на Шампионите. Со шестте постигнати голови на дуелот со Барса, Дибиров веќе има 405 погодоци и е најефикасен играч во историјата на РК Вардар, што се однесува до настапите во Лигата на Шампионите.
Руското лево крило ја игра шесттата сезона сезона во дресот на Вардар, со кој има важечки договор до 2020 година. Само да го послужи здравјето, сигурни сме дека од следната сезона ќе постави нов рекорд по бројот на погодоци во ЛШ.