Thursday ,28 May 2020
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардарци доминираат во најдобриот тим на СЕХА-лигата, составен од играчи кои биле дел од Ф4 турнирите
Вардарци доминираат во најдобриот тим на СЕХА-лигата, составен од играчи кои биле дел од Ф4 турнирите

Вардарци доминираат во најдобриот тим на СЕХА-лигата, составен од играчи кои биле дел од Ф4 турнирите

Медија тимот на СЕХА-лигата, направи избор на најдобриот тим во историјата на ова натпреварување, односно на играчи кои биле дел од завршниот турнир на СЕХА.

Покрај тоа што Вардар доминира по бројот на освоени трофеи, вкупно пет, црвено-црните можат да се пофалат дека имаат најмногу играчи во идеалниот тим. Се работи за Арпад Штербик, Тимур Дибиров, Даинис Кристопанс и Игор Карачиќ.

Од сите овие играчи, само Карачиќ може да се пофали дека ги има освоено сите пет трофеи, додека Дибиров има четири, единствениот играч кој се уште го носи дресот на Вардар и има можност и сезонава да биде дел од завршниот турнир.

Вака изгледа најдобриот тим составен од играчи кои биле дел од Ф4 турнирите:

Голман: Арпад Штербик ( Вардар)

Лево крило: Тимур Дибиров ( Вардар)

Пикер: Растко Стојковиќ ( Брест Мешков)

Десно крило: Златко Хорват ( Загреб)

Десен бек: Даинис Кристопанс ( Вардар)

Среден бек: Игор Карачиќ

Лев бек: Момир Илиќ ( Веспрем)