Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Вардар јуниор немоќен в гости кај РК Радовиш
Вардар јуниор немоќен в гости кај РК Радовиш

Вардар јуниор немоќен в гости кај РК Радовиш

Избраниците на Стојан Петрушевски, РК Вардар јуниор вчера гостуваа кај екипата на РК Радовиш во истоимениот град. Во дуелот од суперлигашката конкуренција  во кој домаќинот постојано доминираше и диктираше темпо над нашиот млад тим тие дојдоа до победа со резултат 36:27 (19:10).

Ракометарите на домаќинот  Радовиш во вој дуел  беа далеку подобри, тие дуелот го отворија први со погодок за 1-0. Ние успеавме да израмниme на 1:1 тоа беше прв и последен поволен резултат на овој дуел за нас. Потоа сè беше во знакот на домашните. Радовиш од минута во минута ја зголемуваше предноста, па на одмор замина речиси со двојно повеќе голови од нашиот црвено-црн состав. На полувреме беше 19:10, а тоа беше доволно во вториот дел од мечот тимот на Радовиш да одигра мирно и да ја контролира средбата. Гледано само во во голови во вторите 30 минути истите баа учиноците на двата тима. Вторите 30.минути    во Салата  “25 Мај“ во Радовиш завршија нерешено 17:17, но предноста од првото полувреме му донесе на  Радовиш бодовите. Кај  нас први стрелеци беа Крстевски и Трпчевски со седум гола,  а Кукуловски и Мишевски  постигнаа по три.

ВАРДАР ЈУНИОР: Н. Кизиќ, М. Кизиќ, Димов 2, Анѓелковски, Чакалиќ, Крстевски 7, Мишевски 3, Трајковски, Димитров, Владимиров, Димитровски 2, Трпчевски 7, Кукуловски 3, Стојменов 1, Атанасовски 1, Цветановски 1.

Седмерци: 3/4, Исклучувања: 10 мин.