Управата на РК Вардар договори уште еден тест натпревар за европскиот шампион пред заминувањето за Саудиска Арабија и настапот на ИХФ Супер Глоуб.
„Црвено-црните“ во вторник во Скопје ќе се тестираат со грчкиот тим на АЕК. Овој дуел ќе биде генерална проба пред заминувањето на престижниот турнир.
Како што е добро познато, Вардар се врати во Скопје од Требиње, каде одигра три натпревари кои секако ги доби и го освои првиот трофеј во новата натпреварувачка сезона.
Дуелот ќе се одигра во СЦ. „Јане Сандански” , а за времето дополнително ќе биде познато.