Младиот ракометар, Марко Мишевски како што веќе беше познато пред околу месец стави крај на соработката со европскиот шампион Вардар. Тој сега најде ангаржман во Фрнација. Па така за првпат во својата кариера ќе заигра во странство.
Уште пред подготовките се знаеше дека тој нема да ги одработи истите и дека ќе бара нов предизвик. Негов нов клуб ќе биде тимот на Гренобл, кој во новата сезона ќе игра во втората по ранг лига на Франција. Мишевски (19) е дете на Вардар, цела својата кариера ја мина во црвено-црниот табор, а во последните сезони настапуваше во младиот сениорски колектив, Вардар Јуниор.