Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Официјално: Спартак од Москва дел од СЕХА лигата, рускиот тим во групата на Вардар
Официјално: Спартак од Москва дел од СЕХА лигата, рускиот тим во групата на Вардар

Официјално: Спартак од Москва дел од СЕХА лигата, рускиот тим во групата на Вардар

Екипа  на  РК Спартак од Москва и официјално е нов член во Регионалната СЕХА Гаспром лига, со што стана првиот руски клуб во ова регионално натпреварување. Тимот на Спартак  ќе  биде дел од групата каде е и македонскиот и европски шампион, екипата на Вардар. Вардарци порај со русите ќе играат и со тимовите на: Нексе, Татран Прешов, Војводија и Мотор Запорожје.

Рускиот тим го влегува во регионалната лига на  местото на  унгарска Татабања, тим  која вчера  соопшти дека нема да биде дел од овосезонската СЕХА лига. Раководството на лигата потврди дека унгарскиот тим не ги исполнува потребните услови да се натпреварува во ова натпреварување.

Од оваа сезона СЕХА лигата ќе се игра по нов формат, односно ќе има две групи со по шест екипи.