Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Македонија со половичен успех во дуелите со ОАЕ, Георг Стојановски се запиша во листата на стрелци
Македонија со половичен успех во дуелите со ОАЕ, Георг Стојановски се запиша во листата на стрелци

Македонија со половичен успех во дуелите со ОАЕ, Георг Стојановски се запиша во листата на стрелци

Македонската фудбалска репрезентација до 16 години во изминатиов период одиграа два контролни натпревари во Стара Пазова, против селекцијата на Обединети Арапски Емирати. Селекторот на Македонија, Драган Канатларовски за овие мечеви сметаше дури на седум играчи кои настапуваат за Вардар.

Првиот дуел го загубивме со резултат 2:1, стартери на овој меч беа Бесар Гуџуфи, Георг Стојановски и Игор Јаневски. Вториот контролен дуел против истава репрезентација успеавме да го добиеме во наша корист. Многу подобра игра на овој меч за избраниците на Цапар кои славеа со конечни 3-1. Стрелец на третиот гол за Македонија беше вардаровиот голгетер, Георг Стојановски. Во првите 11 сетмина беа и голманот, Стефан Тасев, Никола Павлески и Бесар Гуџуфи, додека на крајот на мечот шанса добија и останатите вардарци, се работи за Огнен Здравковски, Максим Милошевски, Георг Стојановски и Игор Јаневски.