Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Аце Станковски и Симе Симовски се стекнаа со „Мастер коуч” лиценца
Аце Станковски и Симе Симовски се стекнаа со  „Мастер коуч” лиценца

Аце Станковски и Симе Симовски се стекнаа со „Мастер коуч” лиценца

Двајца тренери од ракометниот клуб Вардар  се стекнаа со лиценцата  „Мастер коуч”, без која во иднина ќе неможе да се биде тренер на екипите кои настапуваат во Европските купови. Аце Станковски и Симе Симовски успешно ги поминаа сите модули и во Хрватска се стекнаа со оваа лиценца.

Аце Станковски е долго време во клубот, а моментално е помошен тренер на Стојан Петрушевски во екипата на Вардар Јуниор. Заедно, во минатото беа дел од првиот тим на првиот тим на Вардар, додека Станковски работеше и како помошен тренер на Кастратовиќ и Дибирова, во женската екипа на Вардар.

Симе Симовски, последниве неколку години работи во вториот тим на ЖРК Вардар, откако дојде од екипата на Металург, тој е и актуелен селектор на женската сениорска репрезентација.