Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар на првото место, според бројот на постигнати голови од седум метри, на мечевите од СЕХА-лигата
Вардар на првото место, според бројот на постигнати голови од седум метри, на мечевите од СЕХА-лигата

Вардар на првото место, според бројот на постигнати голови од седум метри, на мечевите од СЕХА-лигата

Првиот трофеј кој успеаа да го освојат во сезоната која е пред нас, за екипата на РК Вардар, беше оној во СЕХА-лигата. На тој начин црвено-црните ја одбранија титулата во ова натрпеварување и стигнаа до четвртиот трофеј во СЕХА-лигата. На крајот од сезоната медија тимот на СЕХА излегува со статистички податоци за натпреварувачката сезона 2017/18.

Што се однесува до екипата која постигнала најмногу голови од седум метри, првото место е токму за Вардар, кој успеа да реализира 63 удари од оваа позиција. Второто место на оваа листа е за ППД Загреб, по кој следуваат Горење Велење, Татран Прешов и Металург.