Вардар во новата сезона ќе има сосема поинаков лик, што се однесува до составот кој ќе претставува Европскиот Шампион.
Новиот сопственик на клубот, Михајло Михајловски, донесе дури девет нови засилувања, кои ги потполнија празнините на играчите кои го напуштија Вардар. По заминувањето на Атман и Скубе, на позицијата среден бек, Вардар ги донесе хрватските интернационалци и повремени репрезентативци на оваа земја, Анте Гаџа и Ловро Јотиќ
Гаџа и Јотиќ котираат високо и на листата на најдобри асистенти во СЕХА-лигата, во сезоната која беше прекината и каде победникот треба да го дознаеме на почетокот на месец септември. Гаџа со со вкупно 29 асистенции се најде на 5.место, додека место подолу е Јотиќ со 25 успешни додавања до своите соиграчи, а последното засилување за Вардар е втор најдобар стрелец во ова натпреварување.
Се надеваме, дека двајцата нови ракометари на Вардар ќе донесат квалитет во играта и ќе бидат достојни замени за играчите кои заминаа.