Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Двете пионерски екипи на РК Вардар во недела играат против Аеродром
Двете пионерски екипи на РК Вардар во недела играат против Аеродром

Двете пионерски екипи на РК Вардар во недела играат против Аеродром

Во недела двете пионерски екипи на ракометниот клуб Вардар ќе ги одиграат своите натпревари од второто коло во лигата, каде и двете екипи ќе играат против Аеродром.

Новата генерација на РК Вардар, ракометари родени 2004/05 година предводена од “Зенга“ имаше успешен старт во својата дебитанска сезона, совладувајќи ја екипата на Бисинов од Велес. Во рамките на второто коло, Вардар Јуниор ќе гостува на екипата на Аеродром. Овој натпревар ќе се одигра во недела, во спортската сала во населбата автокоманда, со почеток од 10:30 часот.

Убедлив старт на сезоната имаа повозрасните и поискусни пионери кои на Кале убедливо ја победија екипата на Куманово. Избраниците на Будимир ќе атакуваат на втората победа во новата сезона, а следен противник за нив е екипата на Аеродром 1. И овој меч ќе се одигра во автокоманда, со почеток од 12 часот.

Кадетките пак ќе одиграат два пријателски натпревари со екипата на Бек Подгорица од Црна Гора. Мечевите се закажани за сабота со почеток од 14:30 чсаот и недела од 08:15 во малата сала на С.Ц. Јане Сандански.