Со утрешниот дуел помеѓу Рајн-Некар и Вардар продолжуваат натпреварите од Лигата на Шампините. После паузата поради Светското првенство, продолжуваат возбудувањата во најголемото ракометно натпреварување, а ЕХФ ја објави својата најнова ранкинг листа. Според неа Вардар падна на една позиција подоле од претходната, според која не е претедент за пласман на завршниот турнир во Келн.
Вардар годината ја заврши пред екипите кои се во трка за второто место во групата, но ќе мора да продолжи да игра најдобро што знае за да остане таму. Повредата на Мораеш е единственото отсуство за скопскиот клуб, кој ќе се обиде повторно да ја најде брилијантната форма од почетокот на сезоната, се вели во анализата на ЕХФ.
ПСЖ е најголем фаворит за освојување на Европската титулата, додека на второто место е екипата на Барселона. Шампионот на Унгарија, Пик Сегед е исто така претедент за пласман на Ф4, додека таму би имало место и за нашиот утрешен противник, тимот на Рајн-Некар. Од 5-10 позиција се екипите на Вардар, Веспрем, Фленсбург, Загреб, Кјелце и Нант.