Реверет Лорент и Пичон Стеван од Франција ќе го судат утрешниот натпревар во Германија на кој се среќаваат домакинот Рајн Некар – Левен и нашиот Вардар. Очекуваме фер и коректно судење од француските судии со што не би влијаеле негативно на настаните на теренот.
Инаку, пред овој натпревар Вардар има еден бод предност на втората позиција пред утрешниот противник. Со победа, Вардар ќе се одлепи на втората позиција на табелата.
Дуелот започнува со почеток од 19.00 часот.