Утре, германски тим Рајн Некар ќе одигра дуел со РК Вардар, тоа е прв меч во шампионската лига за оваа година за двата тима. Нивниот тренер, Николај Јакобсен даде свое видување за оваа средба. На првиот дуел тој не беше задоволен од играта на своите избраници и судиските одлуки кога ние триуфиравме во “Јане Сандански“ со резултат 29-27.
Во нашата група има само силни екипи, Вардар досега одигра одлична сезона. Дуелите со нив секогаш се тешки, особено кога играте на нивни терен, тогаш мора да бидете перфектини. И натаму сум разочаран од дуелот во Скопје, но доколку ги поправиме грешките и момците го спроведат она што се бара, ќе успееме да дојдеме до победа. Работата ни ја отежнуваат и повредите на двајца играчи. Фат уште се бори со повредата на колкот, а Нилсен има проблеми со мускулот. Сигурдсон полека се враќа по повредата на коленото. Ќе се потпреме на играчите што ги имаме. Трениравме добро и со нетрпение го очекуваме натпреварот- вели Јакобсен.