Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > ЕКСКЛУЗИВНО: Циндриќ во РК Вардар

ЕКСКЛУЗИВНО: Циндриќ во РК Вардар

Luka_Cindric_2014

Како што објавивме ексклузивно на нашата фб-страница “Вардар Фанс средниот бек од Хрватска Лука Циндриќ е пред потпис со РК Вардар. Циндриќ е млад ракометар кој игра на централната бековска позиција, тој е роден 1993година висок е 1,85метра .
Лука нема потреба да мора да менува град, тој од градскиот ривал Металург кој за жал е во распад ќе дојде во црвено-црниот дел на градот. Металург го напуштија 15-сетина првотимци,самиот Циндриќ треба да добие документи преку арбитражата бидејќи не му се исполнети условите од договорот.
По најавите дека Прибак си заминува станува јасно дека се работи на подмладување на позицијата централен бек.
Лука ќе биде во тандем со Карачиќ кој покажа одлични игри во оваа сезона,покрај за Вардар во ЛШ и СЕХА -лигата исто така покажа дека е квалитет играч  и на СП-Катар 2015 каде настапуваше за Хрватска.

Leave a Reply