Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > Slider > (ФОТО) Европските Шампиони во посета на ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ и „Партение Зографски“
(ФОТО) Европските Шампиони во посета на ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ и „Партение Зографски“

(ФОТО) Европските Шампиони во посета на ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ и „Партение Зографски“

Последниот училишен ден им ја исполни желбата на учениците од основните училишта „Кирил Пејчиновиќ“ и „Партение Зографски“ да се фотографираат со пехарот што Вардар го освои во Келн годинава. Фотографиите со ракометните идоли, со пехарот што по вторпат го донесовме во Скопје беа поважни од завршните часови и забавата со музиката што ечеше од училниците. Брзо се расчу дека „пехарот од ЛШ, и тоа оној вистинскиот е во училиштето“.

2 3

И не само тоа, туку сите сакаа да имаат фотографија од нашите голманот Марко Кизиќ и бекот Марко Мишевски, двајцата млади кои се иднината на клубот. Во општина Кисела Вода работи првата вардарова ракометна школа за најмладите, и веќе неколку сезони имаме екипи од оваа школа што се натпреваруваат во Вардар јуниор лигата и се дел од Ракометната Акакедмија на Вардар. Марко Кизиќ токму во оваа општина ги почна своите први спортски чекори и првите тренинзи по ракомет ги имаше токму во „Кирил Пејчиновиќ“.

4 5 6 7

Кратко, ама слатко беше дружењето со селфија, гушкања со ракометарите, автограми и фотографии за спомен и многу желби да им го донесеме и третиот трофеј.