Дојде како „анонимец“ од екипата на Партизан и успешно го замени еден од најголемите голмани во историјата на светскиот ракомет, Арпад Штербик. Се работи за Дејан Милосављев кој остави голем траг на голот на Вардар, се работи за најдобиот чувар на мрежата во Лигата на Шампионите, во сезоната во која Вардар успеа по втор пат да стане Шампион на Европа. За жал популарниот „банда“ од следната сезона нема да го гледаме во црвено-црниот дрес, со оглед дека потпиша со екипата на Фуксе Берлин.
Милосављев со Вардар успеа да ја освои и СЕХА-лигата, во која исто така сигурно беше меѓу најдобрите голмани. Од медија тимот на СЕХА подготвија посебно видео, преку кое се збогуваа со Милосављев.