Цела сезона се на ниво, но оваа пролет тие играат на левел погоре, односно небото е лимит за нив. Пионерската екипа на ЖРК Вардар пролетва е хит во женскиот македонски ракомет. Тие направија нешто неверојатно, ги обединија двете титули, пионерската и кадетската. Најавата за вакво нешто дојде уште пред нова година кога триумфираа на двата турнири “Гази Баба“ и “Трофеј Белград“.
Пролетва имаа 16 официјални дуели, сите ги добија од кој повеќето на убедлив начин, зборот пораз остана непознат за нив во 2019 година. Во пионерската лига победија пет пати во групата и релативно лесно на Ф-4 се закитија со круна, поради тимската хемија и квалитетот. Во кадетската се случи вистинска филмска приказна, беа на позицијата број три за време на паузата, место кое не носеше на Ф-4. Сепак изгазија на сите седум меча, победуваа и дома и во гости, тимовите пред нив на табелата ги “очистија“ па на крајот како лидери отидоа на Ф-4. Таму беа до пеколот и назад, во полуфиналето на драматичен начин по шест серии во “пенал-рулетот“ обезбедија меч за злато. Во финалето, на мегдан го имаа повозрасниот Металург, кадетски силен и воигран тим. Тргнаа лошо со негатива 7-2, сепак епитетот “Лавици“ го оправдаа. Следеше пеколна офанзивна, жестока игра во одбраната и успеаа да направат пресврт поведувајќи со 18-15. Што се случуваше во нивните глави само тие знаат, тие имаат менталитет на шамионки и кога се во негатива. Танцуваа шампионски на теренот во Прилеп, пехарот им се насмевнуваше. Дојде моментот на доделување капитенот, Александра Коловска повторно по само неполн месец го прими новиот пехар наменет за шамионот.
Во продолжение 16 победи оваа пролет, првите седум се во пионерска вторите девет во лигата каде се најмали, кадетската. Тие покрај 16/16 имаат речиси 400 гола повеќе оваа цела сезона од противниците. Што е показател на нивната надмоќ, тие со 397+ гол разлика ја окончаа сезонава. Овој тим игра неверојатно, одлично воден од тренерскиот двоец Платон и Папуџиева кои создадоа тим со “инстикт на предатор“ кој е безмилосен во натпреварите.
ПИОНЕРСКА ЛИГА, ПРОЛЕТЕН ДЕЛ:
1.Делчево-Вардар 15-19
2. Ѓорче-Вардар 12-30
3. Вардар- Металург 26-13
4. Гостивар-Вардар 7-36
5. Вардар- Куманово 24-7
6. 1/2финале: РК Вардар – Сани 14 26:14
7. Финале: РК Вардар –Стружанка 20:18
На 12.меча во пионерска конкуренција оваа сезона погодивме дури 293 пати, примивме само 127 гола. Ние сме тим со најдобра одбрана и најефикасен напад. Имаме феноменални постигнати 24,5 голови во просек (што е многу бидејќи се игра 2х20мин), во одбраната сме примилен само 10,50 гола по одигран дуел. Имаме постигнато 166 голови повеќе од ривалите во пионерските средби.
КАДЕТСКА ЛИГА, ПРОЛЕТЕН ДЕЛ:
1. Филип Вардар- Вардар 6-56
2. Алушовски-Вардар 21-24
3. Вардар-Макаловски 30-12
4. Кале-Вардар 22-44
5. Вардар-Деспина 29-24
6.. Лихнид-Вардар 17-31
7. Вардар-Илинден 23-14
8. 1/2фин: Вардар- Шампион 24-24 (победа на пенали)
9. Финале: Металург-Вардар 31-32
Во кадетската лига бевме далеку најефикасен тим со 518 постигнати гола, игравме одлично во дефанзива односно примивме 287 погодока. Неверојатен е просекот на погодени голови по дуел, имаме над 30 гола односно 32,50 по одигран кадетски меч сезонава. Во дефанзива сме речиси 15 гола подобри во однос на ривалите, ние примавме во просек само 17,90 гола по одигран меч. Оваа сезона на сите дуели од групата и Ф-4 сумарно имаме 231 постигнато повеќе од повозрасните екипи кои им останува само да ни ја честитаат титулата.