Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Мораес Фереира трет најдобар стрелец, после две одиграни кола во СЕХА-лигата
Мораес Фереира трет најдобар стрелец, после две одиграни кола во СЕХА-лигата

Мораес Фереира трет најдобар стрелец, после две одиграни кола во СЕХА-лигата

После две одиграни кола во СЕХА-лигата, Вардар се наоѓа на првото место на табелата со максимални шест освоени бодови, колку што имаат и екипите на Брест Мешков и Нексе, но црвено-црните имаат подобра гол разлика.

Што се однесува до ТОП-10 листата на најдобри стрелци, тука имаме двајца играчи од нашиот шмпион. Највисоко и тоа на третото место, котира пикерот Рожерио Мораес Фереира кој на два одиграни натпревари постигна 12 голови. Бразилецот имаше 8 погодоци во дуелот со Металург и беше најефикасен играч на тој дуел, додека во триумфот со Железничар учествуваше со 4 погодоци. Место во оваа листа има и за Тимур Дибиров, кој до овој период има 9 постигнати голови.

Следниот натпревар за Вардар е во недела, кога избраниците на Парондо ќе гостуваат на екипата на Татран Прешов.