Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Претстојниов викенд активни ќе бидат пионерките и кадетите на РК Вардар
Претстојниов викенд активни ќе бидат пионерките и кадетите на РК Вардар

Претстојниов викенд активни ќе бидат пионерките и кадетите на РК Вардар

Претстојниов викенд ќе можеме да проследиме два натпревари на младинските екипи на ракометниот клуб Вардар. Активни ќе бидат пионерките кои означуваат старт на новата натпреварувачка сезона, додека второто коло ќе го одиграат кадетите.

Пионерките на РК Вардар кои се предводени од Анжела Платон во сабота на домашен терен ја пречекуваат екипата на Делчево-Вардар. Мечот ќе се одигра во С.Ц. Јане Сандански, со почеток од 13:00 часот. Вардаровите пионерки се дел од групата 1, во која се уште и екипите на Гостивар, Металур, Ѓорче и Куманово. Истава генерација, која се натпреварува и во кадетската лига, во ова коло ќе биде слободна.

Кадетите под водство на Андријана Будимир после стартната висока победа против РК Алушовски, во недела ги очекува дербито од второто коло на кадетската лига. Црвено-црните во недела со почеток од 19:00 часот ќе гостуваат на екипата на РК Шампион, меч кој ќе се одигра во спортската сала на факулетот за физичка култура.