Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Филип Дамчески: Првата ракометна лига е голем предизвик за нас
Филип Дамчески: Првата ракометна лига е голем предизвик за нас

Филип Дамчески: Првата ракометна лига е голем предизвик за нас

Екипата предводена од Стојан Петрушевски беше на десет дневни подготвки во Копаоник, каде се работеше на физичка подготовка. Ова место нуди прекрасни услови за работа, така оваа година на ова место беа најголем дел од младинските категории на Рк и Жрк Вардар.

-Подготовките на Копаоник (Брзече) поминаа во најдобар ред , имавме по два тренинзи дневно . Утринските тренинзи беа повеќето со трчање и теретана , а вечерните беа во сала на кој се тренираше тактика за воигрување на новите играчи кои дојдоа оваа година во нашата екипа. Прв пат сме овде на припреми и условите беа многу добри. Ова место помогна многу за нашата физичка подготвеност, ама тоа не би го постигнале сами ако со нас не е најдобриот тренер Стојан Петрушевски. Одигравме еден пријателски меч против првата екипата на Рк Железничар-Ниш. Сите играчи одиграа максимално борбено од почетокот па се до крајот на натпреварот, кој беше егал се до последниот момент кога искуството победи .

Подготовките за новата сезона, каде овој тим ќе се натпреварува во првата ракометна лига, ќе продолжат на Кале.

Продолжетокот од припремите ке се одвиваат во Скопје, во салата С.Р.Ц. Кале. Оваа година нашата екипа ќе настапи во првата Македонска лига , ова е голем предизвик за нас. Ние прв пат ја играме оваа лига и ке дадеме се од себе за да стигнеме до нашата цел, а тоа е да влеземе во супер лигата, изјави Филип Дамчески за нашиот сајт.

Звонко Ивановски