Екипата на Жрк Вардар на 17 октомври ќе го започне походот кон освојување на Европа. По два освоени бронзени медали од последните две сезони, време е нашиот шампион да заигра во големото финале на лигата на шампионите. Првиот дуел ќе го одиграме во С.Ц. Јане Сандански со победникот од квалификациската група Ц. Тоа најверојатно ќе биде тимот на Ѓер, кој е несомнено голем фаворит за тоа место. Натпреварот со Ѓер ќе се игра со почеток од 20:15 часот.
Останатите дуели не се потврдени со точни термени, во следниве денови очекуваме ЕХФ да ги потврди сите датуми на одигрување на натпреварите во групната фаза. Инаку Жрк Вардар е во група уште со екипите на Хипо и Митјеланд. Мечот со Данскиот претставник го играме на 1 ноември, исто така на домашен терен.