На неколку дена пред стартот на подготовките, рускиот репрезентативец Глеб Калараш се наоѓа во Охрид, каде ги полни „батериите“ за новата сезона.
Калараш заедно со неговата сопруга ги посетија убавините на Охрид и споделија неколку фотографии. Првиот собир на Вардар е закажан за на 18.јули, а Калараш ќе ја игра својата трета сезона во црвено-црниот дрес