Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Slider > (ФОТОГАЛЕРИЈА) Место во сала, првиот полесен тренинг на вардарци беше на фудбалски терен
(ФОТОГАЛЕРИЈА) Место во сала, првиот полесен тренинг на вардарци беше на фудбалски терен

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Место во сала, првиот полесен тренинг на вардарци беше на фудбалски терен

Денес тимот на РК Вардар означи старт на подготовките за новата натпреварувачка сезона. Новиот тренер на Европскиот Шампион, Давид Писонеро најпрво во спортскиот центар Јане Сандански на половина час ги собра играчите, за претставување со медиумите, по што екипата се упати на фудбалскиот терен во населбата Јане Сандански, каде одржа мал кондициски тренинг под водство на Даниел Јуришиќ. На првиот собир беа присутни сите нови засилување, додека недостасуваа Мартин Поповски и Калифа Гедбан, а шанса да тренира со првиот тим ќе добие и младиот Дејан Кукуловски од Вардар Јуниор.

Нашиот медиум беше присутен на првиот тренинг на Вардар, од кој во продолжение ви донесува фотографии.

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 18 19 20