Ракометарите на Вардар утрово полетаа за Полска, каде утре ги очекува натпревар од деветтто коло во лигата на шампионите, против актуелниот европски шампион. Киелце ќе биде домаќин во својата арена на црвено-црните, а ова е натпревар на првите двепласирани екипи на табелата во најсилната група Б. Победникот од овој меч ќе има најголеми шанси за првото место во групата, кое носи директен пласман во четвртфиналето.
Тренерот Гонзалес го зема целиот ростер кој му е на располагање. Во Киелце отпатуваа Ангелов и Недановски. Натпреварот утре започнува од 18 часот со директен преност на МРТ-1.