Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Резултати и извештаи од натпреварите во “Јуниор“ лигата, кај генерација родени 2006-09 година
Резултати и извештаи од натпреварите во “Јуниор“ лигата, кај генерација родени 2006-09 година

Резултати и извештаи од натпреварите во “Јуниор“ лигата, кај генерација родени 2006-09 година

Денес продолжи петтото коло во ракометната “Јуниор“ лига. Натпреварите започнаа со најмладите генерации родени од 2006-2009 година кои играат во мешани парови, момчиња и девојчиња.

Првата победа во текот на денешниот ден ја забележа екипата на Опш. Кисела Вода-Вардар 6 во дуелот со екипата на Ново Лисиче. Резултатот на крај гласеше 4:2. Се играат две полувремиња по 7 минути. Во текот на целиот меч Кисела Вода имаше водство и на крајот сосема заслужено победи. По првото полувреме имаа водство од 3:0. Серијата продолжи и во вториот дел кога поведоа со 4:0, но последните два гола на натпреварот им припадна на Ново Лисиче за конечен резултат од 4:2. Ова беше единствен натпревар од групата 2.

4

Првиот меч од групата 1 беше втор на денешната програма. Во него се сретнаа екипите на Ѓорче Петров-Вардар и Опш.Кисела Вода-Вардар 3. Овој дуел убедливо му припадна на Ѓорче Петров со резултат 11:2. Првите пет минути од мечот се играа израмнето 2:2, но по првиот дел Ѓорче имаше водство од 3:2. Доминација на Ѓорче Петров во второто полувреме кој постигна осум последователни голови, напротив Кисела Вода која не успеа да го пронајде патот кон нивната мрежа.

17

РК Опш. Кисела Вода-Вардар 1 пак успеа да победи во мечот со екипата на РК Шампион Вардар со резултат 12:6. Уште од самиот старт Кисела Вода наметна игра која им донесе предност од 3:0. Следните два погодоци им припаднаа на РК Шампион за намалување на резултатот на 3:2. До крајот на првиот дел, Кисела Вода успева да направи серија од 5:1 и на полувреме да замине со предност од 8:3. Серијата продолжи и во второто полувреме, кога тимот на Кисела Вода-Вардар 1 постигна уште четири нови погодоци за веќе убедливи 12:3 по што беше познат победникот на овој дуел. До крајот, РК Шампион успеа само да го намали резултатот на 12:6, што беше и конечен на натпреварот.

9

Во четвртиот меч од денешната програма на Кале се сретнаа екипите на ГРК Гостивар Вардар-2 и РК Опш. Кисела Вода-Вардар 4. Тука немаше неизвесност и мечот убедливо им припадна на ГРК Гостивар Вардар 2 кој славеа со резултат 8:0. По првото полувреме имаа водство од 3:0.

Нова победа за ракометната школа ГРК Гостивар-Вардар, овој пат екипата на Гостивар-Вардар 1 славеше во дуелот со Опш.Кисела Вода-Вардар 2. Резултатот на овој меч гласеше 8:2. Мечот започна со четири голови во серија за ГРК Гостивар кој поведе со резултат 4:0. По првото полувреме резултатот беше 6:1. Во вториот дел гледавме помалку голови, Гостивар постига уште два гола за предност од 8:1, додека последниот гол беше за Кисела Вода, доволен за ублажување на поразот, за конечни 8:2.

На последниот дуел од групата 1, кај генерација родени од 2006-09 година силите ги одмерија екипите на РК Војнисон-Вардар и РК Бисинов-Вардар. Ова беше најинтересен и најизрамнет натпревар во оваа најмлада генерација. Двете екипи одиграа со нерешен резултат и на крајот ги поделија бодовите. На почетокот се играше гол за гол на двете страни, до моментот кога Војнисон се одлепува на два гола разлика и тоа во два наврати ја имаа оваа предност. Најпрво со 4:2 и на крајот од првиот дел кога имаа позитива од 6:4. Првиот гол во второто полувреме им припадна на РК Војнисон кој поведе и со 7:4 и во тие моменти тие беа многу поблиску до триумфот. Сепак РК Бисинов успева да направи голем резултатски пресврт, најпрво израмнува на 7:7, за во следниот напад да поведе и со 7:8. Со звукот на сирената РК Војнисон спасуваше бод, успевајќи да постигне гол во последните две секунди и да го израмни резултатот на 8:8.