Регионалната ракометна школа на РК Вардар, РК Филип Вардар од Прилеп беше домаќин на шампионскиот пехар освоен во Келн. Школата на Александра Танески го донесе трофејот во овој град за да може да го видат фановите на Вардар.
Голем број на прилепчани ја искористија можноста да се фотографираат со пехарот што Вардар по вторпат го освои годинава во Германија на Ф4 турнирот на ЕХФ лига на шампионите.