Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Вардар Јуниор утре го пречекува РК Металург во „Јане Сандански“
Вардар Јуниор утре го пречекува РК Металург во „Јане Сандански“

Вардар Јуниор утре го пречекува РК Металург во „Јане Сандански“

Момците на Стојан Петрушевски и Пепи Манасков утре ги очекува тежок предизвик, тие ќе одиграат дуел до машката Супер лига против неколкукратниот шампион на земјава, РК Металург.

Вардар Јуниор во меч од 11.коло кое се играше викендов, ќе биде домаќин утре во Спортскиот центар „Јане Сандански“ на тимот од Автокоманда. Поради настапот во ЕХФ-купот мечот со избраниците на Кастратовиќ го доби утрешниот термин. Дуелот кој се игра со почеток во 17-00 часот ќе го судат скопјаните, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

По десет одиграни кола со половичен успех, односно со пет победи младиот црвено-црн тим „собраа“ 15.бода. Утрешниот противник е единствената непоразена екипа во Супер лигата, тие имаат осум победи и два нерешени дуели, па фаворитската улога им е препуштена на нив.