Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Монпелје без искусните, но со неколку нови имиња го „напаѓа” Вардар
Монпелје без искусните, но со неколку нови имиња го „напаѓа” Вардар

Монпелје без искусните, но со неколку нови имиња го „напаѓа” Вардар

Некогашниот владетел на Европа, тимот на Монпелје е првата пречка за европскиот шампион на стартот од новата сезона во ракометната Лига на шампиони. Овој дуел предвидено е да се одигра идниот викенд, (во сабота) во Монпелје со почеток од 17.15 часот.

Тимот на Монпелје сигурно дека ќе сака оваа сезона да го поправи впечатокот по онаа минато годишната катастрофална и раната елиминација од Л.Ш. Првиот противник на Вардарци во новата сезона влегува без неколку стандардни и искусни играчи, но и со неколку нови имиња во својот тим. Веќе екс играчи на тимот се искусните Мишел ГигуВид Кавтичник и голманот Венсан Жерар, а си заминаа и Мохамед Мамду, Теофил Коз, Жан Луп Фостин и Баптист Бонефонд. Наспроти заминувањата, нови играчи на тимот се Жилберто Дуарте кој дојде од екипата на Барселона, потоа голманот Марин Шего кој го засили францускиот тим од ПИК Сегед, младиот бек Јанис Лене, како и Хуго Дескат кој дојде од Динамо Букурешт, а од позајмица се врати и Кевин Бонефонд. Придодадени со стандардните Валентин ПортМелвин Ричардсон, Јонас Тручановичиус и сега веќе опоравените за игра Диего Симонет и Метју Греби, францускиот тим може да се надева на добра сезона.

kkk

Инаку, само да напоменеме дека Монпелје сезоната ја отвори со убедлива победа на домашен терен над Кретеј, а најдобар стрелец со дури 11 голови беше новото засилување, Хуго Дескат, додека пак Марин Шего имаше 13 одбрани.