Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Писонеро и Дибиров: Мечот со Мотор Запорожје е добра подготовка пред дуелот со Монпелје
Писонеро и Дибиров: Мечот со Мотор Запорожје е добра подготовка пред дуелот со Монпелје

Писонеро и Дибиров: Мечот со Мотор Запорожје е добра подготовка пред дуелот со Монпелје

Вардарци утрово заминаа за Украина, каде во сабота ги очекува натпревар од 2.коло во СЕХА-лигата, против екипата на Мотор Запорожје. После триумфот против Пекинг Спорт, црвено-црните ќе имаат можност да играат против уште еден дебитант во СЕХА-лигата. Тренерот Писонеро потенцира дека на тимот му се потребни квалитетни натпревари пред стартот во ЛШ, а токму утрешниот дуел против Мотор Запорожје е добра подготовка, последна пред мечот со Монпелје.

-Ова ќе биде прв сериозен тест за Вардар, совршен натпревар за гостување во СЕХА лигата против многу добар ривал. Ако сакаме добар резултат, треба да дадеме се од себе. Трениравме напорно и мислам дека ни требаат квалитетни натпревари. Мислам дека играчите и екипата се подготвени за вакви натпревари и со нетрпение чекаат да излезат на теренот.

Квалитетен дуел очекува и Дибиров, кој истакна комплименти за утрешниот противник.

-Сигурно е дека Мотор Запорожје е тим со повисок квалитет од нашот претходен противник, Пекинг СУ. Овој меч во Украина треба да го искористиме како подготовка за почетокот на Лигата на шампиони во ЕХФ. Мотор е многу амбициозен проект, стабилен тим во сите сегменти и на секоја позиција. Тие веќе 2 години се во плеј-офот во Лигата на шампионите и секој што гостува во Запорожје има тежок период на теренот. Но, исто така очекувам нашата форма да биде во нагорна линија и треба да одиграме квалитетен натпревар за да обезбедиме добар резултат.

Мечот во сабота се игра со почеток од 16:15 часот со директен пренос на МРТ и Арена Спорт 3.