Утре на програмата е второто коло во СЕХА-лигата, во кое Вардар гостува кај екипата на Мотор Запорожје.
Вардарци утрово заминаа за Украина, каде утре ќе го одиграат мечот против дебитантот во ова натпреварување, но и екипа која е наш противник во групната фаза од Лигата на Шампионите. Тренерот Писонеро за овој дуел се соочува со проблеми околу составување на екипата. Покрај отсуството на Толедо и Стоилов, во тимот нема да биде ниту Скубе кој се здобил со повреда, па шпанскиот стратег на клупата на Вардар не сака да ризикува со словенскиот интернационалец, со оглед дека следната сабота не очекува меч од Лигата на Шампионите против тимот на Монпелје. Повторно негова замена ке биде младиот играч од редовите на Вардар Јуниор, се работи за Мартин Карапалевски кој отпатува со тимот и кој покажа на мечот со Пекинг Спорт дека може да се смета на него оваа сезона.
Со екипата не отпатува ниту голманот Калифа Гедбан, кој имаше проблем со добивањето на виза во оваа земја, додека во составот ќе биде повратникот во екипата, русинот Глеб Калараш. Во составот за мечот ќе бидат Марко Кизиќ и Дејан Кукуловски. Со „крпен“ состав, Вардар ќе се обиде на тешкиот терен во Запорожје и да стигне до втората победа во СЕХА.
Мечот стартува во 16:15 часот со директен пренос на МРТ и Арена Спорт 3.