Вардар веќе се наоѓа во Украина каде утре ќе го одигра натпреварот од 2.коло во СЕХА-лигата во кое гостува на екипата на Мотор Запорожје. Во пресрет на овој меч, своите очекувања ги сподели играчот во редовите на Мотор, се работи за рускиот интернационалец, Игор Сокора кој признава дека Вардар е фаворит, но гледа шанса за изненадување поради домашниот терен и навивачите.
-Вардар е фаворит за првото место во нашата група, сепак ние играме на домашен терен и сметам дека нема да му биде лесно на Вардар да стигне до победа. Сакаме да го покажаме најдоброто од себе и да го победиме Европскиот Шампион. Во Вардар имам многу пријатели, кои играле за Мотор и кои знааат како е да се игра во оваа сала. Најголемата сила на противникот е од десната страна, каде игра Даинис Кристопанс. Ќе биде тешко да се задржи, но мораме да го направиме тоа.
Дуелот стартува од 16:15 часот со директен пренос на МРТ и Арена Спорт 3.