Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гаџа: Среќен бев во Загреб, но понуда од Европскиот Шампион не се одбива
Гаџа: Среќен бев во Загреб, но понуда од Европскиот Шампион не се одбива

Гаџа: Среќен бев во Загреб, но понуда од Европскиот Шампион не се одбива

Вардар продолжува да го гради тимот за новата натпреварувачка сезона, а Анте Гаџа е новиот ракометар во редовите на Европскиот Шампион. Самиот играч потврди дека постигнал договор со клубот, па во новата сезона Гаџа ќе биде задолжен да ја организира играта на црвено-црните.

После една година помината во ППД Загреб, откако претходно настапуваше и израсна како играч во Нексе, Гаџа се реши за промена на средината. Во изјава за хрватски „РТЛ“ повремениот хрватски репрезентативец истакна дека бил среќен во Загреб, но дека понуда од Европскиот Шампион не се одбива.

-Ми беше убаво во Загреб, бев среќен, но понуда од Европски Шампион не се одбива. Среќен сум и задоволен што ќе се преселам во Македонија. Со Вардар ќе играм во Лигата на Шампионите, па ако се покажам со своите игри сигурен сум дека ќе изборам место за настап во репрезентацијата, истакна новото засилување на Вардар.