Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Дресовите на РК и ЖРК Вардар се најубавите во Европа
Дресовите на РК и ЖРК Вардар се најубавите во Европа

Дресовите на РК и ЖРК Вардар се најубавите во Европа

Дресовите на машкиот и женски ракометен клуб Вардар се најдобрите во Европа. Ова е епилогот од гласањето на фановите во изминативе денови.

Дресот на РК Вардар во претходните рунди излезе како победник против дресот на Копенхаген, Нант и Веспрем, додека во полуфиналната рунда, доби повеќе гласови и од дресот на Барселона.

Дресот на ЖРК Вардар за противници во првите рунди ги имаше дресовите на Виборг и Кристијансанд, додека во полуфиналето со убедлива разлика го победи и дресот на Ѓер.

Тоа значи дека во финалето за најубав дрес, главната битка ќе ја водат дресовите на РК и ЖРК Вардар. Гласањето е веќе започнато а ќе трае до утре на пладне. Гласањето се одвива на линкот, ТУКА.