Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Точно пред 33 години ФК Вардар стана шампион на Југославија
Точно пред 33 години ФК Вардар стана шампион на Југославија

Точно пред 33 години ФК Вардар стана шампион на Југославија

Пред 33год. на денешниот ден 14 јуни, се случи нешто што тој датум го направи е еден од најзначајните датуми во историјата на Вардар. Во  1987 година со одигрувањето на последното коло, стана нов шампион на тогашна Југославија во сезоната 1986/87. Тогаш дојдовме до  прва шампионска титула на нашиот тим, воедно со тоа   беше прославена 40-годишнината од постоењето на клубот.

e2

И покрај поразот во последното коло од 4:1 против Динамо Загреб одигран на „Максимир“, сепак, благодарение на резултатите на конкурентите, Вардар заврши како првопласиран тим на табелата. Инаку, десет тимови во првенството играа со минус шест бодови, врз основа на тогашната одлука на Фудбалскиот Сојуз да им бидат одземени поени, поради сомнителните резултати во последното коло од сезоната 1985/86.

e3

За нашиот тим тогаш настапуваа  Дарко Панчев,  Љупчо Марковски,Тони Савевски, Илија Најдоски, Драган Канатларовски, Вујадин Станојковиќ, Јовче Џипунов, Бобан Бабунски, Чедомир Јаневски, Момчило Грошев, Милко Симовски, Љупчо Лазаров, Венцислав Симоновски, Мирко Петров, Благоја Тодоровски, Никола Аврамовски, Зоран Трајчевски, Горан Стојановиќ, Николче Филипов, Васил Рингов, Тони Атанасовски, Јовко Бизимовски. Дел од Вардар во есенскиот дел од сезоната беа Слободан Горачинов и Гоце Димовски кои што заминаа во странство во текот на шампионатот. Екипата беше предводена од тренерот Андон Дончевски, заедно со неговите асистенти Методије Спасовски и Кочо Димитровски.