Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Анте Гаџа надвор од терените до крајот на годината
Анте Гаџа надвор од терените до крајот на годината

Анте Гаџа надвор од терените до крајот на годината

Вардар е многу блиску до освојување на двојната домашна круна. Откако претходно славеше во големото финале на Купот, црвено-црните се многу блиску и до освојување на титулата во првенството.

Последните два натпревар во Супер Лига, против екипите на Бутел и Тиквеш, Вардар ќе ги одигра Анте Гаџа. Информациите велат дека средниот бек ќе биде надвор од терените до крајов на годината. Гаџа се повреди на квалификациски натпревар за својата репрезентација, а дополнителни прегледи покажале дека се работи за сериозна повреда, односно скинати предни вкрстени лигаменти.

Гаџа ќе мора да оди на оперативен зафат, а тоа бара мирување од некаде шест месеци, па според проценките Гаџа би можел да му помогне на Вардар дури во вториот дел од следната натпреварувачка сезона.

Вардар на оваа позиција веќе го официјализираше црногорецот, Божо Анџелиќ.